НА ВИЦЕ ЗАЕВ МУ ПУКНА ФИЛМОТ : Николовски има три дена да ги докаже обвинувањата за криминална коалиција со Мијалков, во спротивно ќе го тужам!

0
2379

Господине Заев, како ги коментирате  изречените квалификации на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски искажани после седницата на Централниот комитет на оваа  партија одржана по гласањето на Собранието на РМ за отварањето на уставни измени, но и во  последниот настап на нашата телевизија, кој ја честиташе „новата криминална коалиција во РМ Зоран Заев-Вице Заев и Сашо Мијалков“?

– Во недостиг на демократски капацитет и личен морален кредибилиет, а со цел да се релативизира фактот на антагонизмот  кон ЕУ и НАТО, раководството на ДПМНЕ  перманентно изминатиот период  ја труе македонската јавност со прозивки на моето име во разни  негативни конотации  врзани за незаконски дејанија. Ваквиот случај е последниот со изнесените невистини од страна на потретседателот на оваа партија, Александар Николовски за 1ТВ.

Дали планирате нешто да преземете околу овие сериозни јавни прозивки?

-Барам кажаното во емисијата да го докаже  на начин што  сите евентуални докази  ке ги поднесе  до јавното обвинителство, а доколку не го стори тоа во рок од три дена, ќе  сметаме дека докази нема  и дека сето тоа е измислица ,па според тоа ќе поднесам тужба   за нарушување на честа и угледот, бидејќи ми се нанесува политичка, но и материјална штета.

За вас  се говори  дека сте  „новиот Сашо Мијалков на СДСМ“. Дали тоа што сте брат на актуелениот премиер ви дава толкава моќ? 

-Не гледам  како може да се направи  било каква споредба меѓу мене  и поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков. Ниту сум  избран и именуван функционер, ниту имам некаква функција. Јас сум бизнисмен и со години работам во приватниот сектор. Моите фирми не учествувале  на јавни тендери во изминативе години,а најмалку  во последните неполни две  години во кои мојот брат, Зоран Заев  е  претседател на Владата на Република Македонија.

Како е да се биде брат на премиерот на една држава?

– Целото наше семејство му даде максимална поддршка на  Зоран Заев и  заедно со него беше изложен на огромни ризици  во времето кога тој реши да  почне со објавувањето на „бомбите“ од масовното незаконско  прислушување на над 20.000 луѓе во државата. Не треба да се заборави дека  во нашите семејни фирми работат околу 1000 лиа на кои во овие тешки економски,но и политички услови им обезбедуваме плати и егзистенција.

Извор: 1тв