На Борисов му ПУКНА ФИЛМОТ од изјавите на Дачиќ: Или ќе ми се извини јавно или ќе види тој што е неприфатливо однесување!

0
2857

Сакам Ивица Дачиќ да ми се извини јавно, сега ќе разберат што е прифатливо, а што не е. Ова го изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов во врска со коментарите на српскиот дипломат, објави БГНЕС.

„Ивица Дачиќ мора да ми се извини. Што сум згрешил? И како е моето однесување неприфатливо?“, истакна Борисов, додавајќи:

„Вчера си дозволи да го повика нашиот амбасадор и да му каже дека моето однесување е неприфатливо. Дачиќ сега ќе види што е неприфатливо однесување. Тој сега ќе види … До вчера зборував со најдобри зборови, но откако си го дозволи тоа, се додека не ми се извини на мене, не ме интересира што ќе кажат ниту Александар Вучиќ ниту Ана Брнабиќ“, вели Борисов.

Тој откри дека Дачиќ се извинил вчера, но не јавно. „Четири пати вчера, се извинувам, но тој не сака да го каже тоа пред медиумите“, рече Борисов, откако му упати и повик: „Не е тешко да се извиниш“.

Агенцијата потсетува дека поранешниот портпарол на Слободан Милошевиќ и сегашниот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, упати остри критики кон Бугарија по повод изјавата на бугарскиот премиер на самитот во Берлин на Западен Балкан во петокот, откако Борисов рече дека идниот лидер на европската дипломатија, Жозеп Борел, треба да ја изрази позицијата на целата Унија, а не на неговата родна Шпанија во врска со Косово.

Оваа позиција е категорична – признавање и почитување на суверенитетот на најмладата балканска држава.

Освен тоа, признавањето на независноста на Косово е основен услов ако Белград сака воопшто да влезе во ЕУ.