На Али му е добро во скутот на Грујо, со штуро соопштение полно со празни фрази се врти како “Киша око Крагуевца”

0
1019

На вонредна седница на Централното претседателство на ДУИ, која почна попладнево околу 14.30 часот, се разговараше за актуелната безбедносна состојба во Македонија, по немилите настани што се случија во кумановско Диво Насеље.

Gruevski-Ahmeti-4-520x325

Според партиското соопштение сите органи на ДУИ одблизу ги следеле сите случувања во Куманово на 9 и 10 мај 2015 и биле во постојан и директен контакт со населението на Куманово и Липково со ограноците и локалните совети на ДУИ во овие две општини, со локалната, законодавната и извршната власт како и со соодветните институции. ДУИ смета дека настаните во Куманово и Гошинце, но незаборавајќи и на другите безбедносни инциденти во последниве месеци, не се во согласност со стратешките определби и не се од интерес и определба на албанската нација во земјата и регионот се вели во соопштението од оваа партија.

Од ДУИ изразија сочувство до семејствата на загинатите во оруженот судир во Куманово, а на повредените им посакаа побрзо закрепнување.

Понатаму во соопштението стои дека ДУИ гарантира дека државните институции ќе им помогнат на жителите во населбата за материјалните штети, како и дека партијата ќе се ангажира за транспарентен, истражен и судски процес за инволвираните во судирите во Куманово.

– Посветени сме во соработка со САД, ЕУ и НАТО да се постигне целосна рамноправност меѓу Албанците и Македонците, да продолжи целосната имплементација на Охридскиот договор, одржување на добри меѓуетнички и соседски односи, да ги надминеме споровите кои го држат во заложништво евроатланскиот интегративен процес, како и час поскоро да се приклучиме во Северноатлантската алијанса и да ги започнеме разговорите за членство во Европската унија, се вели во соопштението од ДУИ.

Од оваа партија упатија и благодарност до Амбасадата на САД, канцелариите на ОБСЕ, ЕУ и НАТО во Македонија, како и на земјите членки на Европската унија и на комесарот Хан за интензивната комуникација и неговиот придонес за надминување на безбедносната криза во Куманово.

Од ДУИ ги повикаа сите граѓани во државата да не подлегнуваат на разни дезинформации кои не помагаат во смирување на ситуацијата и точното инфомирање на јавноста. Јавноста треба да биде добро и точно инфомирана со потврдени информации за секоја ситуација и сите случувања во врска со безбедносната ситуација се вели во денешното соопштение од ДУИ.