НАЈНОВО: ПРИВЕДЕНИОТ НЕЗНАЕ КАДЕ СЕ ПАРИТЕ ОД ГРАБЕЖОТ ВО НЛБ?!

0
2687

Скопјанецот Бобан С. (40), кој вчера украл 2 милиона швајцарски франци и 270.000 евра, бил приведен во Полициската станица во Кисела Вода, но парите не се најдени, пишува ДНЕВНИК.

Инспекторите разговараат со приведениот кој треба да објасни како го ограбил трезорот и каде ги скрил парите. Грабежот се случил во понеделникот пред 16 часот, а случајот во полиција го пријавил директорот на трезорот.

Од истрагата велат дека вработениот парите ги ставил во кеса и без да биде забележан од обезбедувањето или од колегите излегол од банката.

Од МВР повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

(Извор/Прес24/Дневник)