Најновиот режимски проект „Македонија вработува“ е копија на „America works“ на претседателот-убиец Френк Андервуд од „House of cards“?!

0
1061

mirjana-najchevska

Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил го анализира новиот владин проект за зголемување на вработеноста насловен како „Македонија вработува“, а кој и по името, и по самата содржина е сличен на „America works“ – проектот на претседателот на САД, Френк Андервуд од телевизиската серија „House of cards“. Еве што напиша Најчевска:

Прво мислев дека е првоаприлска шега, па се осигурав дека не е.

makedonija_vrabotuva_g1111-540x326

Потоа ми текна дека сигурно некој во Владата ја гледа серијата „House of cards“ во која се опишува замислен, до коска корумпиран, насилен претседател на САД (Frank Underwood) кој не се вознемирува да измачува, убива и уништува луѓе.

Во третата сезона од серијата како популистичка мерка со која се обидува да ги добие изборите и покрај тоа што е перцепиран како криминалец ја промовира програмата наречена Америка работи („America works“), која е идентична на денешниот предлог на нашата Влада.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=QgTIhT5aLCg[/youtube]

За тие кои знаат англиски една мала анализа на оваа програма.

Мислам дека оваа промоција ја потенцира веќе постоечката сличност на имагинарниот лик на претседателот – убиец и нашите актуелни властодржци.