Најнова прогноза на Славчо Попоски за утрешниот ден (понеделник)

0
1165

За разлика од изминатите денови во текот на утрешниот ден ќе  имаме малку посвежо време но и покрај тоа ќе биде релативно топло. Во утринските часови на повиќе места температурите на воздухот ќе се спуштат под нулата.

Времето утре (20.02.2017) во Македонија во утринските и претпладневните часови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди додека на планинските места не се исклучува можноста за сосема слабо и локално провејување на снег. Во текот на попладневните часови облачноста ќе се намали и времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Сепак најведро ќе биде во источната половина од државава.

model_moddeuhd_2017021912_24_954_1

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој Долж Повардарието ќе се засилува по интензитет. Минималната температура ќе се спушти во интервалот од -6 до 2 степени додека маклималната ќе се искачи во интервалот од 4 до 12 степени.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ