Во следниот период поточно во текот на следната седмица голем дел од Европскиот Континент вклучувајќи ја и територијата на Македонија ќе бидат во поле на висок воздушен притисок (антициклон) и на релативно стабилна и сува воздушна маса.
Центарот на антициклонот ќе се наоѓа некаде над источна Европа и воздушниот притисок во истиот ќе биде многу висок и ќе изнесува околу 1040 htp а можно е да биде и нешто повисок. Значи ова ќе предизвика речиси цела Европа да има мирно и суво време.
Ќе дува слаб до умерен ветер кој и понатаму ќе биде претежно од источен правец а температурите во текот на следните денови ќе бележат тенденција на пораст. Токму ова важи за максималните дневни температури додека минималните утрински температури поради разведрувањето и намалувањето на облачноста ќе бидат во опаѓање и речиси насекаде ќе бидат негативни и ќе се спуштат во интервал од -8 до -1 степен додека на некои места особено на оние повисоки и на планините истите е можно да се спуштат до околу или нешто под -10 степени.
Сепак некој нови екстреми гледано по температурите нема да има. Максималните температури ќе бидат во постепен пораст некаде од средината на следната седмица.
Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ