НАЈМОЌНАТА ЖЕНА ВО СВЕТОТ ГО ПОЗДРАВИ ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА: ОВА Е ИСТОРИСКИ ДОГОВОР!

0
1116

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев прими писмо со честитки од Канцеларката на Сојузна Република Германија Ангела Меркел, во кое таа ја изразува својата радост за постигнатиот договор за македонско-грчкиот спор за името.

„Оваа спогодба го отвора патот за историски договор, и Вам и на Вашата влада срдечно Ви честитам за овој успех.

Сојузна Република Германија со голем интерес ќе го следи спроведувањето на овој Договор и силно ќе го поддржи“, се истакнува во писмото со честитки до премиерот Заев од канцеларката на Сојузна Република Германија Ангела Меркел.