Најлуда диета на светот

0
1361

Сакате да ослабнете 5 до 10 килограми за само 6 недели? Заборавете на сите останати диети и нивните правила – прескокнете го појадокот, напијте се кафе и бањајте се во ладна вода!

Прескокнете го појадокот, јадете три големи оброци дневно и налевајте се со кафе. Иако ова звучи како попис на работи кои не би требало да ги правите ако сакате да ослабнете, не грижете се. Станува збор за диета која стана толку популарна, што пред некое време на листата на најпродавани прирачници за слабеење, ја симна од тронот славната Аткинс диета!

Диетата со име “Six Weeks To OMG” на британскиот автор и тренер по фитнес Венис А. Фултон, е комбинација на научно истражувања и искуството на Фултон во работата со славни клиенти на кои им помогнато во слабеењето и обликувањето на телото.за разлика од повеќето други диетални режими, Фултон не нуди структурален план на оброци и рецепти, но вели дека доколку ги прилагодите неговите совети на сопствениот животен стил, може да загубите 5 до 10 килограми за шест недели.

Еве ги неговите шест чекори кои ги премесува Mail Online.

1.  Прекокнете го појадок.

Појадокот е најважниот оброк во денот, зарем не? Грешка! Најстрашниот, но и најважниот дел од мојот план на исхрана гласи: Престанете да јадете појадок шест недели“, советува Фултон. Кога одите во кревет, секогаш постои извесна количина на енергија во вашиот состав – храна во желудникот, некоја во крвта, некоја складирана во вашиот црн дроб. Но бидејќи вашиот мозок се уште работи додека спиете, кога ќе се разбудите нема да остане ништо. Резултат на тоа се сигналите кои мозокот ги праќа дека сме гладни и сакаме појадок.

Ако сакате да ги изгубите резервите на масти, не смеете да појадувате наутро. Не смеете да јадете, туку движете се и вежбајте кога во организмот имате мало количество на енергија (кога сте се разбудиле и пред да започнете со појадокот) и вашето тело ќе ги согори вишокот на масти.

2.  Секое утро потопете се со ладен туш.

Ладниот туш секое утро ќе го поттикне вашето тело да ги согорува потхранетите масти и така значително ќе го забрза метаболизмот во наредните 12 до 15 часа. Морате да се истуширате во вода која е меѓу 15 и 20 степени и да издржете во истата повеќе од 15 минути. Немојте веднаш да влегувате под тушот (или кадата), туку постепено и никако не обидувајте се да се загреете со топол туш, затоа што може и да се онесвестите!

(Напомена: Промените во телесната температура можат повремено да влијаат на крвниот притисок. Немојте да ги користите ладните тушеви ако имате проблеми со срцето, крвниот притисок или со дијабетис.)

3.  Време е за кафе

После ладниот туш, време за шолја кафе. Кафето е природна напивка која ги согорува мастите, а тајната е во кофеинот. Кога го консумирате на празен желудник, ќе му даде сигнал на вашето тело побргу да ги согорува мастите. Кофеинот ги отвора масните станици чија што содржина ја испушта во крвотокот од каде што после мастите одат во мускулите и овде функционираат како течно масно гориво. Но, морате да ја комбинирате утринската доза на кофеин со телесна активност. Ако тоа не го направите, мастите ќе останат во крвта и со тек на време ќе ги оштетат артериите.

Испијте само мала шолја на кафе, без шеќер, вештачки засладувачи или млеко, кои го поттикнуваат телото да ослободува инсулин, кој сигнализирајќи дека наскоро пристигнува храна, го запира согорувањето на масти.

4. Движете се!

Комбинацијата од кофеин во крвта и телесна активност ќе го поттикне вашето тело да согорува повеќе потхранети масти. Колку повеќе мускулни групи активирате, резултатите ќе бидат подобри. Одберете активност во која ќе уживате и движете се 30 минути. Резултатите ќе бидат подобри доколку се движите надвор, посебно помеѓу 8 и 9 часот наутро, затоа што природната светлост го ресетира нашиот биолошки часовник и поттикнува производство на витаминот Д.

5.  Почнете да јадете.

Многу диети советуваат да се јаде почесто, а помалку, со што се зајакнува метаболизмот и помага во губењето на тежината, но Фултон советува три обилни оброци дневно. Телесните масти постојат за да обезбедиме енергија која што не ја зимаме во форма на храна, па мастите можеме да ги согориме само ако направиме поголеми паузи помеѓу оброците.

Подобро ќе го контролирате апетитот доколку јадете три пати дневно, без меѓуоброци, односно ужини. Најдобар дел од денот е да почнете да јадете околу ручек, а идеално би било вашиот последен оброк во денот да биде најмалку два часа пред спиење.

6.  Контролирајте го внесувањето на јаглехидрати.

Секој оброк би требало да има барем 50 отсто протеини. Тоа можеби звучи многу, но протеините го намалуваат апетитот и го држат под контрола со часови. Добар избор на протеини се пилешкото, мисиркиното месо, говедското, јагнешкото, риба, јајца, јогурт, ореви, семки, леќа и наут.

Но, ако сакате да бидете слаби и витки, мора да го контролирате внесувањето на јаглехидрати: ваша цел е да внесувате повеќе од 120 гр. јаглехидрати дневно. Одберете нерафинирани јаглехидрати кои даваат чувство на ситост и го одржуваат нивото на шеќери во крвта.

Јадете што е можно повеќе зеленчук (со исклучок на печен грав, морков, цвекло, пашканат, компир и пченка, кои се сметаа за извор на јаглехидрати). Не јадете повеќе од три парчиња овошје дневно, затоа што фруктозата го блокира дејството на лептинот, спојот кој на мозокот му сигнализира дека сме сити. Јадете мрсна риба како лосос или скуша два пати неделно.

Пијте вода и зелен чај со утринското кафе. Избегнувајте засладени и алкохолни пијалоци.