НАЈДЕНИ СТУДЕНТИТЕ КОИ ПОСТАВИЛЕ МОБИЛЕН ПРЕД ЖЕНСКИОТ ТОАЛЕТ ВО КУЗМАН, ЗАПОЧНАТА ПОСТАПКА ЗА НИВНО САНКЦИОНИРАЊЕ

0
1098

Државниот студентски дом „Скопје„ – Скопје ја информира јавноста дека се идентификувани студентите кои поставиле мобилен телефон со камера на надворешната страна на прозорецот на тоалетот на третиот кат во Студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“.

Се работи за двајца студенти кои престојуваат во Домот, а се фатени веднаш по дојавата. Безбедноста на студентите, како и заштитата на нивната приватност, се многу важни за раководството на Домот. Секое нивно нарушување се зема за сериозен прекршок, а студентите ќе бидат соодветно санкционирани, согласно Правилникот на Државниот студентски дом.

Во меѓувреме, раководството на Домот работи и на поставување на видео надзор во студентските домови, за зголемување на безбедноста на студентите.