НАЈГОЛЕМАТА ПЉАЧКА ВО ПОНОВАТА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА ПРЕД ОЧИТЕ НА ЈАВНОСТА : Истражување на ПЛУСИНФО – Дпмневските функционери живеат од љубов кон лидерот – во централата вработени само 4 лица!

0
3660

Голема врева крена пропагандната машинерија на ВМРО-ДПМНЕ по објавувањето на веста дека поранешниот новинар Мухамед Зекири е ангажиран и вработен во СДСМ. Во серија „герила акции“ беше обелоденета неговата плата од 40.000 денари, а на социјалните мрежи се отвори дебата и за други можни вработувања на Бихаќка.

За мотивите на инволвираните ликови во оваа мала драма и за начинот на кој тие дебатираа на Фејсбук секако треба да се расправа, а секој од нив треба да си извлече и поука дали постапил на најсоодветен начин. Плусинфо, сепак, најмногу се заинтересира зошто ова прашање толку жестоко го експлоатираат медиумите под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.

nova-zgrada-stab-na-vmro-dpmne-2Во нашето мало истражување, се разбира, тргнавме од претпоставката дека партијата чии челници демократската јавност ги оспорува како некредибилни, особено после „бомбите“ што сведочеа за досега невиден криминал и корупција, користи и ќе користи секаква прилика да ја оцрни опозицијата. Но, изгледа се излажавме.

Плусинфо дојде до неофицијален податок дека во централата на ВМРО-ДПМНЕ се вработени само четири лица – Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Иво Котевски и Јохан Тарчуловски. Замислете, само четворица вработени во срцето на најмоќната партија, која се доведува во врска со криминал тежок 5 милијарди евра. Каков само домаќинлук, каква штедливост!

Веројатно се прашувате – а кој ги плаќа лидерот, многубројните функционери и партиски активисти, таа огромна машинерија, за која се тврди дека е „непобедуива“. Е, нив ги плаќаат граѓаните на Република Македонија, даночните обврзници. Сите тие функционери се на буџетски јасли, па изгледа нема потреба за нив да се троши партиската каса.

Се разбира, постои можноста нашиот податок да е погрешен, па затоа јавно го повикуваме портпаролот Иво Котевски да објави колку луѓе се вработени во централата на неговата партија и колкави се нивните плати.