Началникот Горан Груевски поради безбедносни причини дава исказ во Апелациониот суд

0
1046

Од безбедносни причини судот донесе одлука Горан Груевски началникот на Петтата управа, наместо во Кривичниот, да даде исказ во Апелациониот суд, јавува Телма.

Причина за ваквата измена е одржувањето на рочиштето за случајот „Диво насеље“ во Основниот суд Скопје 1.

Гуревски е прво осомничен во случајот „Тврдина“ и во 13 часот дојде во судот за да даде исказ.

Во судот се присутни и обвинители од Специјалното јавно обвинителство.