Наумов: Одлуката за новото задолжување да се усогласи со Буџетот

0
885

Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов бара да се свика итна владина седница со цел, како што соопшти денеска, усогласување на Одлуката на Владата со која е утврден максималниот износ на ново задолжување преку државни хартии од вредност за годинава, со државниот Буџет.

За ваквото барање Наумов упатил ургенција до министерот за финансии Кирил Миноски, а го известил и гувернерот на Народната банка на Македонија Димитар Богов.

Согласно Законот за јавен долг член 18 став 4, наведува Наумов, државните хартии од вредност ги издава Министерството за финансии врз основа на Одлука на Влада со која се утврдува максималниот износ на ново задолжување. – Со актуелната Одлука на Владата бр.42-13244/1 од 29.12.2015 максималниот износ на ново задолжување преку издавање на државни хартии од вредност во 2016 година изнесува 10.455.000.000 денари и е во рамки на износот од 18.860.000.000 денари утврден во првично изгласаниот Буџет на РМ за 2016 година. Меѓутоа, со вториот ребаланс на Буџетот усвоен од Собранието на РМ износот од 18.860.000.000 денари е променет на 8.405.000.000денари. Како последица на усвоениот ребаланс Одлуката на Владата е над законски утврдениот лимит, се вели во соопштението.

Според Наумов, Владата била должна да ја усогласи Одлуката за максимално задолжување во рамки на лимитот предвиден со ребалансот на Буџетот. Во член 51 во Уставот, потенцира, јасно е наведено дека сите прописи мора да бидат во согласност со Уставот и Законот.

Наумов информира и дека во писменото барање до Миноски посочил оти реализираниот износ на домашно финансирање по основ на државни хартии од вредност го надминал износот предвиден со Буџетот за годинава. – Заклучно со 18 ноември годинава домашното финансирање по основ на државни хартии од вредност изнесува 9.435.000.000 денари и е над износот утврден со буџетот од 8.405.000.000 денари, наведува во соопштението Наумов.

Клиентите на домашниот финансиски пазар, стои во соопштението, не смее да бидат доведени во ситуација да учествуваат во аукции на државни хартии од вредност кои не се распишани и спроведени во согласност со законската регула