НАРОДОТ ДОЛГО ВРЕМЕ ЌЕ ПЛАЌА ПОРАДИ ОВАА ШУШУМИГА РАСИПНИЧКА : За пет години паричниот биланс, Иванов го зголемил дури за 10 пати!

0
1947
  • Во 2009 година на денарската и девизната сметка вкупно имал околу 11 илјади евра, но само пет години подоцна тој пријавува околу 100 илјади евра.
  • Само од првиот до почетокот на вториот мандат паричниот биланс му е зголемен за десет пати, а покрај ова купил и два стана на Водно со вкупна површина од околу 220 метри квадратни со претпоставена вредност од над 260 илјади евра.

Многу нелогичности во имотната состојба содржи досието на бившиот претседател на државата Ѓорѓе Иванов, до кое дојде Инбокс7. Купопродажба на земјиште, станови, подвижен имот, ненавремено пријавување на промени за на крај разликата на вкупната вредност на имотот од почетокот на првиот и кон крајот на вториот мандат да биде само околу 8 илјади евра.

 Но, ако се гледаат банкарските сметки може да се забележи дека таму има промени. Во 2009 година на денарската и девизната сметка вкупно имал околу 11 илјади евра, но само пет години подоцна тој пријавува околу 100 илјади евра. Според официјалните податоци, претседателската плата во Република Северна Македонија изнесува 1.250 евра. Под претпоставка да не трошел ништо од неговата платата, за еден мандат од пет години Иванов можел да заштеди 75 илјади евра.

За да се разјаснат овие дилеми, Антикорупциска комисија неодамна отвори предмет за испитување на неговата имотна состојба.

2009 – ПРВ МАНДАТ СО 210 ИЛЈАДИ ЕВРА

На 12 мај 2009 година, кога Иванов за прв пат стана претседател, е поднесен и неговиот прв Анкетен лист за имотната состојба. Тогаш пријавува дека поседува имот и пари во вкупна вредност од 210.500 евра.

Во него се наведува дека има земјиште во Скопје од 293 квадрати и со вредност од 1.500.000 денари (24.390 евра) кој го има со договор за купопродажба и е во лична сопственост. Од недвижен имот има уште и стан во Скопје од 75 квадрати со вредност од 5.000.000 денари (81.300 евра) што го стекнал со договор за подарок а на име на неговата сопруга. Иванов навел и дека поседува автомобил марка „Тојота Корола“ купен во 2007 година со вредност од 790.800 денари (12.858). Нема наведено дека поседува хартии од вредност и удели, ниту побарувања или други приходи. Во делот за банкарски депозити навел дека има маестро картичка на која има 204.289 денари (3.322евра), мастер картичка со 3.347 евра, девизна маестро картичка со 273 долари и 3.798 евра како и штедна книшка со 24.000 евра на негово лично име а една маестро картичка со 120.000 (1.951евра) на име на неговата сопруга, сите од Комерцијална банка. Во графата друг имот има наведена дека поседува готовина од продаден стан во висина од 3.400.000 денари (55.285евра) што е означено како заеднички имот.

2010 – НЕ ПРИЈАВИЛ НАВРЕМЕ ПРОМЕНА, НО НЕ БИЛ КАЗНЕТ

За нешто повеќе од една година, односно на 30 јуни 2010 година, Иванов пријавува промена на имот, односно дека го продал автомобилот „Тојота Корола“, а како доказ доставил копија од договорот за купопродажба.

Нова промена на имотната состојба пријавува по само 9 месеци, односно на 23.03.2011, година во која наведува дека на 15 ноември 2010 година неговиот син купил автомобил марка „Тојота Аурис“ во вредност од 486.640 денари (7.913 евра) за кои има доставено копија од договорот. Иако оваа промена на имотната состојба ја доставува после 4 месеци откако синот на Иванов го купил автомобилот, во известувањето наведува: „Податоците ги доставувам со цел навремено ажурирање и надополнување на мојот анкетен лист“.

Прекршувањето на Законот за спречување на корупција е видно, велат експертите, бидејќи членот 34 од овој закон вели: „Избран или именуван функционер, службено лице и одговорно лице во јавно претпријатие или друго правно лице што располага со државен капитал е должно во рок од 30 дена да го пријави секое зголемување на неговиот имот, односно на имотот на член на неговото семејство како што е изградба на куќа или други објекти, купување на недвижности, хартии од вредност, автомобили или други подвижни предмети во вредност што надминува износ од 20 просечни плати во претходниот тримесечен период“.

Со оглед на тоа што во ноември 2010 просечната плата изнесуваше 20.633 денари, износот од 20 просечни плати тогаш била 412.660 денари. Ова, според експертите, значи дека Иванов сторил прекршок со ненавремено пријавување промена на имот, бидејќи цената на возилото од 486.640 денари ја надминува бројката од 20 просечни плати. Но во тоа време Антикорупциска ниту отвори предмет за овој прекршок ниту му поднесе пријава.

2014 – ИМОТНАТА СОСТОЈБА СО НЕЛОГИЧНОСТИ

Пет години подоцна, по истекот на неговиот прв мандат, вкупниот имот на Иванов изнесува 207.600 евра. По изборите во 2014 година, кога по втор пат добива мандат за претседател на државата, Иванов повторно поднесува Анкетен лист во која има разлика во платежните картички. Нема промена во недвижниот имот, каде се наведува дека поседува земјиште во Скопје од 293 квадрати со вредност од 1.500.000 денари во лична сопственост и стан од 75 квадрати со вредност од 5.000.000 денари на име на неговата сопруга.

Иако во претходните известувања информира дека автомобилот „Тојота Корола“ го продал а на име на синот е купен автомобил „Тојота Аурис“, во новиот лист таква промена не навел, односно нема заведено ништо во графата за подвижен имот.

Во однос на хартии од вредност, удели, побарувања и други приходи и овој пат нема наведена никаква промена. Но, затоа промени има на неговите платежни картички кои за време на првиот петгодишен мандат видно пораснале. А од наведената готовина од 3.400.000 денари во 2009 година, во 2014 таа графа е празна.

 

Платежна картичка                        2009                                         2014

 

Денарска                                         204.289 (3.321 евра)           4.017.058 (65.318 евра)

Девизна – евра                                               7136                                         34.440

Девизна – долари САД                                273                                            277

 

Нема промени во денарската платежна картичка на неговата сопруга

Денарска                                         120.000                                   120.000

2017 – ПРОДАЛ ПЛАЦ ЗА 35 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ

Промени во неговата имотна состојба последен пат пријавил две години пред истекот на неговиот мандат, односно на 27 април 2017 година. Во него наведува дека продал плац за сума од 2.152.325 денари (35 илјади евра), а парите ги префрлил на трансакциона сметка на неговиот син.

За плацот навел дека е заеднички имот со сопругата, но останува нејасно за кој плац се работи, бидејќи во претходните анкетни листови тој нема наведено дека воопшто поседува таков плац. И во Анкетниот лист од првиот мандат во 2009 и во Анкетниот лист од вториот мандат во 2014 единствено стои дека поседува земјиште од 293 квадрати со вредност од 1.500.000 денари (24 илјади евра) во лична сопственост.

Во последната имотна состојба, која се уште стои на интернет страната на Антикорупциската комисија, е состојбата од 2014 година, во кој се извршени промени. Тука не е наведено земјиштето, а наместо тоа има наведено банкарски депозит на име на синот од парите од продадениот плац. 

Недвижен имот Имот на брачен другар Стан 5.000.000,00 денари 75 м2 Скопје – – Стекнување со договор за подарок
Банкарски депозити Имот на брачен другар Денарска платежна картичка денари 120.000,00 Комерцијална банка – – недал податок –
Банкарски депозити Имот на деца Трансакциона сметка денари 2.152.325,00 Комерцијална банка 2017 Стекнување со договор за купопродажба
Банкарски депозити Личен имот Девизна штедна книшка EUR 34.440,00 Комерцијална банка – – недал податок –
Банкарски депозити Личен имот Девизна штедна книшка USD 277,00 Комерцијална банка – – недал податок –
Банкарски депозити Личен имот Денарска платежна картичка денари 4.017.058,00 Комерцијална банка – – недал податок –

 

2019 – ПОСЛЕДНА ИМОТНА СОСТОЈБА 218.240 ЕВРА, БЕЗ КУПЕНИТЕ СТАНОВИ

Покрај зголеменото конто на банкарските сметки, Иванов има и купени два стана и гаража на Водно кои во Катастарот се напишани на име на неговиот син, а не се наведени во неговата последната имотната состојба.

Додека беше претседател двата стана беа со преддоговор за купопродажба. Причина било што зградата се уште е во градба така што тој немал законска обврска да ги пријави.

За тоа со колкаво салдо си замина Иванов по 10-те години претседател на државата, тој ќе треба да достави последна состојба за кое има рок од 30 дена по напуштањето на функцијата. Но, од ДКСК велат дека ова последна имотна состојба нема да биде јавно достапна бидејќи тој веќе не е функционер.

Пишува: Светлана Унковска