НАРОДЕН ГЛАС СЕ ПРИКЛУЧУВА КОН АКЦИЈАТА ЖАРЕ ДА КАЖЕ НЕКОЈ ВИЦ ЗА ГРУЈО : Да собереме 50 000 потписи, Жаре да каже виц за Грујо во своето лејт најт забавно шоу!

0
1235

zareakcija

Од денеска стартува акцијата ДА СОБЕРЕМЕ 50 000 ПОТПИСИ ЖАРЕ ДА СОБЕРЕ ХРАБРОСТ И ДА КАЖЕ ВИЦ ЗА ГРУЈО ВО СВОЕТО ШОУ ЕДЕН НА ЕДЕН! Досега, Жаре немаше храброст да го спомене пресветото Грујово име, па ние неколку опозициски портали како Мактел,Доказ,Народен Глас и другите кои ќе се приклучат сакаме да го охрабриме!

Акцијата ќе ја тераме и по плоштади и улици значи ќе се собираат потписи и во тетратка не само електронски. Се надевам дека за месец време ќе собереме 50 000 потписи и потоа ќе ги однесеме сите во студиото на Жаре каде што се снима емисијата, порано се снимаше во МКЦ, сега можеби е во некое студио, ќе се снајдеме ќе го најдеме лесно, тоа нема да е проблем.

Се надеваме дека Жаре ќе не превари и да каже виц за Грујо пред да ги собереме потписите за да не се мачиме, но ни се чини дека шансите за ова се многу многу мали.