Му ја земавте душата на Скопје! (текст со скопски дијалект)

0
5818
Оние људски земјотреси кои го потрефија Скопје по 1963 нема шанси никој да ги оправи. Земјотресот фактички не беше на 26 Јули 1963 година, туку секој нареден ден, па се до денес.

Ене го и Водно ја отвара својата анална шуплина за нови згради и искомплексирани сељачишта кои продале ниви и треба да живеат у горниот дел на градот, каде шо живее елитата!

Водно го отвори чмарот и у секој момент ќе ја голтне онаа сиротиња која е заглавена у центарот на Скопје. У сообраќајниот метеж, на жешкиот асфалт, во смогот и неприродниот људски микс. Горе у планината руралците дигаат хациенди и плукаат по Скопје од дното на душата. Тие шо му ја е*аа мајката на овој град, го сметаат за град, големо село…Можеби и со право. Од толку многу сељаци шо се накомија овде и имаат прво да го наречат мојот град големо село. Али фер би било да признаат кој го направи да биде тоа!

Опинокот дигна револуција и ја потисна елегантната ципела од калдрмата. Старата Скопска чаршија изумре и секој занает у него затоа шо денес младиот чоек сака да носи сако, да работи у канцеларија па макар зимал ситнеж од 200 евра. Битно живее у Скопје. Битно носи одело и вечерта ќе тера шема у град. Ќе се паркира со колата пред кафиќ…Ако може и ќе влезе со неа внатре и ќе нарачува од прозор.

Ќе се поздрави со сите гангстери на врата дојдени од пи*ку си мајчину кои ќе ги отворат вратите за девојките со лош вкус за гардероба. Шо е битна гардеробата је*и га? Ем децата се од нашио крај и ако не знаат ќе научат. За џабе ли земјаците се на врата и ги селектираат гостите ко да се зелки пред берење???

Ропакот и по 30-40 години ќе му ја вади душата на Скопје а нема да научи една скопска фраза у својот сељачки вокабулар!!! Нема никад у душа да му влезе љубовта кон Ф.К Вардар, МЗТ Скопје или Работнички…Напротив…Сељакот ќе скандира од некоја трибина пак да се врати 1963 и цело Скопје да се сруши, зашо го мрази градот од кој го јаде лебот од дното на душата.

Џабе сте вие од Скопје ако на малиот прст имате пуштен нокт, Џабе си од Скопје ако фрлаш кеси со ѓубре од прозор или ги оставаш да смрдат у лифт. Џабе си од Скопје ако не плаќаш 100 денари за чистачка а фрлаш пикавци по скали и џукелата ја мочаш и кењаш у парк! Многу ги има што се од Скопје, но прашање е колкав процент од нив живеат скопски?

Колку од вас го одстапиле местото на некоја дама во автобус? Колку од вас украле ружа од некој двор за љубената, свртеле некоја табла у гратскиот парк или партија шах у Жена парк? Колку од вас ги заболела душата за масакрот над зелените тревни површини, за теророт на паркот-шума Водно? Малкумина од вас ќе побараат да седнат на пиво и ќебапи у чаршија или па ќе се присетат на игранките по старите скопски дискотеки.

Денес ги нема..како и старото корзо. Колкумина од вас тажат што во Скопје ги нема рок свирките и станавме бездушно дувло на кичерај, шунд и турбофолк? Колкумина од вас ги заболе искрено што му ја земавте душата на Скопје? Што ги уништивте скопските паркови каде некогаш бркавме девојчиња а денес никнуваат згради за бездушни мутанти? На колкумина од вас им фали Ф.К Балкан од Чаир и пекарата во Чаир кај мајче? Колкумина од вас иксрено жалат за нашето разурнато Скопје, по 1963 година???