Мукаетов: Раководството на федерацијата комплетно стои зад одлуките на стручниот штаб

0
1025

Првиот човек на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов на денешната 4.седница на Управниот Одбор истакна дека тој како прв човек на федерацијата дава комплетна поддршка за стручниот штаб и сите нивни одлуки.

-Ние како федерација стоиме комплетно позади стручниот штаб и нивните одлуки. Го поздравувам подмладувањето, бидејќи мислам дека токму сега е вистинското време ако се земе предвид дека е старт на олимписки циклус. Треба да го искомпонираме тоа искуство и младост. Мора да одиме чекор по чеко. Гледаме дека младите играчи полека созреваат преку настапите во Металург во ЛШ и СЕХА. Групата е тешка на СП, за нас голем успех ќе биде да се пласираме во втората фаза. Ние како федерација ќе ја пружиме цела организациска и логистичка поддршка како и до сега – изјави Мукаетов.

На денешната седница беше изгласана одлука за свикување на Редновно Собрание на РФМ кое се закажа за 7. фебруари 2017 година.