МПЦ ПО СТАПКИТЕ НА ВМРО ДПМНЕ: Граѓаните сами да одлучат дали и како ќе гласаат за референдумот!

0
1139

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија смета дека граѓаните на Република Македонија се политички зрели и оти на претстојниот референдум слободно по свое сопствено уверување ќе го остварат своето демократско право на избор.

„Светиот архиерејски синод на МПЦ – ОА ја изразува својата доверба во политичката зрелост на граѓаните на Република Македонија, кои на престојниот референдум, слободно и по свое сопствено уверување ќе го остварат своето демократско право на избор“, се вели во соопштението од Синотот од неговата денешна редовна седница.