МОРОН НА МЕСЕЦОТ : Новинарот на Алфа ТВ, Љупче Златев посакува Тамара да биде последна на Евровизија!

0
2336

Сакам Тамара да заврши последна во финалето, од 3 многу едноставни причини:
1. Ја мразам Северна Македонија и секогаш, во се, навивам против оваа творевина.
2. Феминизмот е деструктивна појава која светот го влече назад во 20 век. Надживеана, регресивна идеологија, рецидив од минатото. Кауза која во 21 век ја следат само луѓе со криза на идентитетот.
ЕДИТ: Оти ми се лутат другарки – не сум шовинист, сосем спротивно, сметам дека жените веќе имаат еднаков статус со мажите во општеството, што е одлично и така треба да остане. Но, секое негово агресивно наметнување во веќе сменетиот свет го гледам само како изговор за личен неуспех. Дури како конзервативен сметам дека жените како столбови на семејствата треба да имаат привилегиран статус од државата – но тоа нема ништо со феминизам.
3. Не сум гледал Евровизија од дете, небитен и глупав концерт е, но, сепак и покрај тоа сакам Северна Македонија да биде понижена.