Моето име е злоупотребно за да се нанесе штета на Заев

0
1472

Курир и другите медиуми под контрола на ВМРО-ДПМНЕ измислуваат наводни напади врз Али Ахмети од  СДСМ за потоа така ревносно да го бранат.

Сосема е јасно која е целта-се фаќаат како давеник за сламка за да спречат Зоран Заев да  формира Влада откако Груевски не успеа иако до последен момент се бореше и му ја прифатил Платформата иако сега се обидува да се оправдува дека токму тоа било пречка што не составиле Влада со Ахмети.

Конкретно.  Текстот на тема Ахмети го видов случајно на Фејсбук и тоа од приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ, го копирав и кај мене на профилот и објавив затоа што таа информација е одамна објавена во ВЕСТ, потоќно во 2002 година, линк http://star.vest.com.mk/default.asp?id=44361&idg=3&idb=672&rubrika=Makedonija

Воедно сакам да нагласам дека јас не сум вклучен на било кој начин во креирање на политиките на СДСМ ниту пак влијаам, моите објавувања на мојот профил на фејсбук се мои лични ставови и не се поврзани на било кој начин со  официјалните и неофицијалните ставови на СДСМ.

Јас не сум член на таа партија и сум и моите активности на социјалните мрежи се мои лични како граѓанин.

А дел од медиумите тоа го злоупотребуваат за да го оцрнуваат Заев, лидерот на СДСМ, што не им е прв пат, сепак мојата реакција е упатена за граѓаните кои не дозволуваат да бидат манипулирани од ергелата медиуми на ВМРО-ДПМНЕ.

Митко Јованов