Могерини: Се плашам дека веќе не е прашање дали во Македонија ќе има нестабилност

0
1363

mogerini 3

Македонија е на агендата, и ние заеднички ги посетуваме земјите на Балканот. Фокусот на Балканот е многу висок. БиХ е единствената земја која двапати ја посетив во последниве месеци. Тука е и дијалогот меѓу Косово и Србија. Во овие рамки секако дека политичката криза во Македонија е на агендата на ЕУ, изјавија денеска во Брисел високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини и еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан, пренесе Дојче веле.

„Македонија е на агендата, како што е секогаш на агендата потребата да им се помогне на земјите кои се клучни за нашиот регион. Балканот не е соседство, туку е Европа. Во актуелните услови уште повеќе е потребна таа помош. Ги прочитав препораките на Европскиот парламент и ја следев дебатата и подготвена сум да продолжам со тоа заедно со комесарот Хан“, рече Могерини.

На новинарско прашање дали постои стравување од дестабилизација на земјата, Могерини со одговор: „Се плашам дека веќе не е прашање дали во Македонија ќе има нестабилност.“

Јоханес Хан соопшти дека е во постојан контакт со политичките лидери во земјата и дека понудил помош за разрешување на актуелната криза.

„Двете страни мораат да се придвижат, мораат да го почитуваат владеењето на правото, независноста на судството, слободата на медиумите, и мораат да изнајдат слични или исти политички стандарди за работата на парламентот, како што е случај и во други земји. Еминентни членови на Европскиот парламент искажаа подготвеност да посредуваат меѓу различните страни во земјата, таа поддршка е прифатена и ќе видиме што ќе бидат следните чекори. Но за да се сочува европската перспектива неопходно е да се решат проблемите во земјата и да се дојде до адекватни европски стандарди“, рече Хан.