Могерини: Решени сме за проширување на ЕУ

0
956

Проширување на ЕУ ќе продолжи и важно е европските институции да бидат кредиблни во тој процес, порача шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини по вчерашниот самит за Западен Балкан во Париз. Според неа, проширувањето на ЕУ е многу важно за мирот и стабилноста, но исто и за интересот што Европејците го имаат за напредување на балканскиот регион кон Европската унија. „Овој Самит е важен и за нашата безбедност, бидејќи миграциската криза се уште постои и ризикот од радикализација во регионот не обврзува да работиме заедно. Ова е важен состанок тука и ќе работиме и на дневно ниво за да го направиме овој процес реалност за секоја од шесте земји од Балканот“, изјави Могерини.