МНР ја потврди автентичноста на документот, но не објаснува зошто двајца од убиените беа во листата на уапсени

0
1064

kumanovo_operacija-540x406

Министерството за надворешни работи конечно даде одговор за листата на имиња на уапсените во акцијата во Куманово која пред три дена ја објави Алсат-М, а која отвори прашања токму за бројот и идентитетот на убиените и уапсените.

– Тоа беше прелиминарен список на сите во идентификацијата и ние како МНР сме го добиле за понатамошна употреба. Тоа го пренесовме на косовската амбасада во Скопје – е краткиот одговор кој телевизијата го добила од портпаролот на МНР.

Одговорот на министерството доаѓа по неколкудневното инсистирање на Алсат-М, но иако се потврдува автентичноста на писмото кое го објави телевизијата, во него нема одговор што е со Мирсад Ндрецај и Бег Ризај чии имиња се на листата на уапсените, иако подоцна произлезе дека се меѓу загинатите.

Од телевизијата најавуваат дека и понатаму ќе продолжат да ја истражуваат вистината за тоа што се случи во Куманово.