МНР потврди: Украдено е службеното возило на македонската амбасада во Мадрид

0
1016

Службеното возило на македонската амбасада во Мадрид е украдено пред два дена, а кражбата е пријавена во националната полиција, потврди за „Фокус“ Министерството за надворешни работи.

За кражбата се известени Интерпол и Министерството за надворешни работи на Кралството Шпанија, како и осигурителната компанија во која е осигурано возилото.

Станува збор за возило „ауди А6“ кое е единствен автомобил што го поседува амбасадата.

Повеќе ОВДЕ