Младеновска: Што да очекуваш од судии чиј последен филтер при изборот бил шефот на УБК

0
2175

-Моите очекувања за работата на Основниот суд Скопје 1 се многу мали. За какво судство станува збор кога последниот филтер за избор на судија е интервју со шефот на тајната полиција – вели за порталот Фактор екс министерката за правда, сега адвокат Мери Младеновска – Ѓорѓиевска.

Судиите што им должат на тие што ги избраа и што ги поставија на тоа место многу тешко би донеле правилна и законита одлука. Неменувањето на Законот за заштита на сведоци директно има влијание врз доказниот материјал што го подготвува СЈО, бидејќи обвинителството не може да им обезбеди целосна заштита на сведоците кои би сведочеле. Со необезбедување на заштита сведоците може да бидат цел на притисоци и закани од страна на претставници на власта или на лица ангажирани од нив. Опасно е тактизирањето со ставање на дневен ред на иницијативата за оцена на уставноста на СЈО. Прашање на момент е кога ВМРО –ДПМНЕ ќе ги притисне и експресно оваа иницијатива ќе биде на дневен ред. Мислам дека поважна улога имаат калкулациите внатре во ВМРО –ДПМНЕ. Размислуваат дали со укинувањето на СЈО би предизвикале реакции кај граѓаните и во моја мера. Ако нема праведна завршница на целата постапка околу незаконското прислушување сериозно ќе биде доведена во прашање иднината на Македонија.

Оваа криза е длабока и трае многу долго и не им остава простор на политичките лидери од различни партии да преговаррат, да се договараат и меѓусебно да се „аболицираат“. Лидерот на опозицијата ако направи постапка со која би простил било каков криминал, а посебно на висок функционер, всушност врши политичко самоубиство, оценува поранешната министерка за правда и адвокат Мери Младеновска-Ѓорѓиевска.

Интервјуто во целост порчитајте го ОВДЕ