Мијалков се појавил на распит, судијата не одлучи дали ќе му го одземе пасошот

0
1174

Осомничените во случајот „Трезор” се појавиле на сослушување во судот и веќе си заминаа, тајно како и што дошле, преку службениот влез за вработени.

Како што објави Фокус, на  распит се појави и екс директорот на УБК Сашо Мијалков, но судијата не одлучи дали нему и на останатите тројца осомничени фунцкионери ќе му ги одземе пасошите.

Засега одлука падна само за екс началникот на Петтата Управа на УБК, Горан Грујовски, за кој судот одби да изрече мерка притвор.

Претходно денеска, Специјалното јавно обвинителство побара изземање на eдна од судиите на претходна постапка за предметот „Трезор“ поради релации со фирмата „Финзи”.

Во „Трезор” осомничени се вкупно тројца вработени во УБК и еден во МВР, кои се товарат дека проневериле над 862 илјади евра со набавка на опрема за прислушување од Велика Британија преку фирмата „Финзи“.