МИЈАЛКОВ СЕ ГЛУПИРАШЕ ВО СУДНИЦА НА СУДЕЊЕТО ЗА ТАРГЕТ И ТВРДИНА, СИТЕ СЕ ДРЖЕА ЗА СТОМАК ОД СМЕЕЊЕ НА НЕГОВИТЕ ГЛУПИРАЊА

0
1194

Екс директорот на УВК, Сашо Мијалков, на денешното рочиште за случајот „Таргет и Тврдина“ вкрстено го испрашуваше сведокот Звонко Костовски.

На моменти се добиваше впечаток дека улогите се сменија, па Мијалков како обвинител го испрашуваше сведокот Костовски, на кој му ја наметна улогата на обвинет. Му забележуваше дека толку долго работел во МВР а не знаел да одговори кој и за што формирал работни групи и комисии, коментирајќи дека тоа било во надлежност на министерот. Потоа пак го праша кои биле надлежностите на директорот,  а Костовски му одговори:

„Не сум бил директор, тој што бил самиот треба да си знае, рече Костовски.

На прашањето пак дали под професионален однос со колегата Ѓорѓи Лазаревски, мисли на копирање и предавање на материјали на структури надвор од УВК, сведокот одговори дека под професионален однос со Лазаревски мисли на нивната заедничка работа, на работни задачи во УБК.

Мијалков бараше од судот и да му презентира фотографија од салата каде што бил системот за прислушување, за да разрешат некои дилеми, но ме му беше дозволено. Тогаш Мијалков свртен кон обвинителите од СЈО искоментира: „Ова е и за вас, и вие да не бидете манипулирани“.

Во неколку наврати Мијалков го прашуваше сведокот дали има докази за тоа што го зборува, на што Костовски му одговори дека тоа не е негива работа. Откако Мијалков продолжи да инсистира на докази, сведокот му рече: „ Да не ја уништевте опремата сега ќе имаше докази“!

Екс директорот го праша својот некогашен вработен и како знаел дека корисничкото име „дир“ било за директорот? Сведокот појасни дека сите кориснички имиња почнувале со првите букви од имињата или иницијали на корисниците, па затоа и дир значело директор. Тогаш Мијалков рече:„ Од каде знаете може и тоа е име, на пример Диркан, по што настапи општа смеја во судница.

Мијалков често пати во испрашувањето наместо да поставува вкрстени прашања, директно го испрашуваше сведокот, на што од место на моменти реагираа обвинителите од СЈО. Судијата Владимир Туфегџиќ, пак, со рака во знак да  запрат ги замолчуваше. Покрај толерантниот однос на судијата, многу опуштено се однесуваа и обвинителите од СЈО, кои освен од место, на записник не приговараа за директните прашања.

ИЗВОР: ФОКУС.МК