МИЈАЛКОВ НА КАМЧЕВ ХИЛ: Сосетка открива – Мијалков е од задната страна на зградата која ја фотографиравте, во дворот има зелена грмушка во форма на балерина, во чест на неговата сопруга!

0
5431

НОВАТВ преку Агенцијата за Катастар го провери сиот имот на и околу улицата „Салвадор Аљенде“ и откри дека луксузните згради кои ја опркружуваат зградата со број „69“, каде што живее поранешниот директор на тајната полицијата Сашо Мијалков, се мнозинството или изградени или во сопствевност на фирмата „Архи ДОО“.

Салвадор Аљенде „69“, според информациите кои новинарите ги добија од МВР,  е зградата којашто можете да ја видите на горната  фотографија, или зградата преку која беше приведен истражителот на СЈО којшто, според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, сакал да фотографира објект каде што живее поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо  Мијалков.

НОВАТВ трагаше по сопственикот на делот од зградата кадешто престојува Мијалков. Разговаравме со неколку станари од соседството на оваа зграда кои сакаа да останат анонимни, и тие ни потврдија дека Мијалков живее тука.

„Мијалков е од задната страна на зградата која ја фотографиравте. Гледате, го чува полиција. Има и двор отпозади. Дворот не можете да го видите, но јас можам од мојот балкон. Во него  има и скулптура од зеленило, како да ја наречеме, зелена грмушка во форма на балерина, веројатно во чест на сопругата ја оформиле“, рече сосетката од улицата со зградите позади оваа. Подоцна и новинарот на НОВАТВ влезе кај една вистинољубива сосетка и самите го видовме дворот на Мијалков.

Според сведоци, поранешниот  шеф на тајната полиција престојува овде. Според писмени докази, тој е на улицата „Народен Фронт“ во Капиштец, односно тоа е адресата од неговата лична карта. И по имотот кој го имаше пријавено како поранешен прв човек на УБК, Мијалков нема стан во зграда на оваа адреса. Таа зграда е единствената којашто ја обезбедува полиција. Соседите се пожалија дека се вознемирувани од големото обезбедување на Мијалков.

Зградата посочена како место каде живее поранешниот шеф на тајната полиција и братучед на Никола Груевски има две чуварници. Едната е на улицата „Салвадор Аљенде“, а другата од горната улица, Тодор Александров каде што се наоѓа луксузниот резиденцијален комплекс на Водно, „Панорама“. Оттаму Мијалков, според сведоците, влегувал во своето престојувалиште.

„Секое утро доаѓаа многу  обезбедување со едно куче-вучјак и проверуваат по колите, не знам што прават, веројатно е проверка  за бомби. Тоа е без исклучок секое утро. Понекогаш овде има и по 25 луѓе обезбедување“, велат соседи од соседната улица каде што е втората чуварница.

НОВАТВ од еден од балконите од соседните згради успеа да добие инсајт во дворот на престојувалиштето на Саш Мијалков. Зградата во која тој престојува до неа има зграда близнак. Не е јасно дали тие згради се дел од „Панорама“ комлексот или не. Тие имаат заеднички двор, којшто според она што ни го раскажаа соседите, го користи само Мијалков бидејќи другата зграда е празна. Од балконот можеа да се погледнат луксузни простории кадешто Мијалков и семејството уживаат во базен, сауна и теретана. НОВАТВ нема да ги објави фотографиите кои ги поседува заради заштита на изворот, бидејќи нивното објавување ќе го лоцира и добронамерниот сосед.

Комшилук изграден од Камчев, речиси  поседуван од Камчев

НОВАТВ преку Агенцијата за Катастар го провери сиот имот на и околу улицата „Салвадор Аљенде“ и откри дека луксузните згради кои ја опкружуваат зградата со број „69“или комплексот „Панорама“ каде што живее поранешниот директор на тајната полицијата Сашо Мијалков, се мнозинството или изградени или во сопствевност на фирмата „Архи ДОО“. Оваа фирма, пак, ја поседуваат компанијатата на бизнисменот Јордан Камчев и фирма на неговиот зет за сестра, Мето Стојчевски. Претходно, на местото на зетот, ортак на Камчев во „Архи ДОО “ беше контроверзната „Ексико“. На улицата „Салвадор Аљенде“ во близината на Мијалков и Панорама Резиденс, според документите од катастарот, тие градат хотел и станбени единици во илјадници метри квадратни површина.

Земјата на којашто Архи ДОО ја изградила „Панорама“ претходно му припаѓала на еден друг познат скопски бизнисмен, кој откако не можел да добие дозволи за градба, ја продал на „Архи ДОО“, во тоа време поседувана од „Ексико„ и „Орка Холдинг“.

НОВАТВ ги доби сите документи од Катастарот кои ги откриваат сопствениците на имотите околу зградата со број „69“, но не и таа зграда. Можете да проверите станови кои се во сопственост на други лица на „Салвадар Аљенде 69Б на пример, но не и на А или само 69. Овие лица не се поврзани со  Мијалков, но на бројот 69 има две идентични згради. „Архи ДОО“ поседува илјадници метри квадратни на овој рид. Иако во катастарот не може да се добие точна потврда чија е зградата во која што престојува Мијалков, НОВАТВ смета дека е релеватно да се знае дека до Мијалков, над Мијалков и околу Мијалков речиси се е поседувано од компанијата поврзана со неговиот кумашин Јордан Камчев. Колку имот имаат „Архи ДОО“, „Ексико“ и Јордан Камчев и како Камчев го освои Водно, Зајчев Рид и Центар, читајте во наредните денови на НОВАТВ. 

kamcev-mijalkov-2-592x1024

Повеќе за оваа сторија ОВДЕ