Мијалков и Талески: Од Влатко Чинго зема 3.500.000, од Циле зема пари, кај нас ги уценува советниците да му даваме од Општина пари и никој жив не знај колку пари има

0
1764

СДСМ објави разговори за кои посочија дека се помеѓу градоначалникот на Битола, Владимир Талески и Влатко Мијалков.

taleski-vmijalov

Разговор помеѓу Владимир Талески и Влатко Мијалков

ВТ: А бе смејурија сме, знаеш како…

ВМ: Сегаде, а?

ВТ: Ауу, смејурија. Оној Бранко кутриот, не знае главата кај му е. Донесен од Демир Хисар, нема појма што се случува.

ВМ: А брат му?

ВТ: Овој користи гужва. Кире катангата користи гужва, а бе смејурија, место да работат на терен тие а бе секој 15 дена инспекција ми пуштат Влатко.

ВМ: А брат му?

ВТ: Кој брат…, Ефто!? Абе ти знајш кој е Ефто?

ВМ: А?

ВТ: Тој ги води чкембарите и го води ракометот. И вака прај од Влатко Чинго зема 3.500.000, од Циле зема пари, кај нас ги уценува советниците да му даваме од Општина пари и никој жив не знај колку пари има, а ракометарите плата немат. Е таква е ситуацијата. Тоа е, тоа е со нив.

ВМ: А он работи на царина Ефто?

ВТ: Aуууу тој е главен, главен галамџија, на царина можиш да замислиш..па да бе, тој кај вас е да да.

ВМ: Он на полиција, он на царина, абе тие опасни браќа.

ВТ: Абе опасни ама знаеш како да се на место не е проблем, ама малце таму знаеш како имаат краток спој во мозокот…

ВМ: Ха ха ха.

ВТ: озбилно ти викам. Абе ај ние ги трпиме човече, ај да не праиме гужва ама стварно ја претераја работата. Мислам знајш како вие можи да си проверите и службено ама не не личи, ни го рушат рејтингот знајш како да ти кажам, лицето ни го рушат. Не можи сега Кире катанга со уцени сега добива награди таму, па мене ме местат јас му давам награди. Нема везе советот ги дели тие награди.

ВМ: Леле, леле, леле. Ха ха.

ВТ: Абе Бог да чува рекетари првокласни.

ВМ: Леле, леле, леле.

ВТ: Озбилно. Таква е ситуацијата. Гордана шо вика? Ги познава?

ВМ: Па не праевме за нив муабет.

ВТ: Е па напрајте идниот пат, спомнете, видете. Мислам стварно греота, знаеш 100.000 град сме од полиција нема „п“ тука. Пола од таксистиве на диво шо возат се на полицајците колите. Не можиме контрола да напрајме.

ВМ: Леле, леле, леле.

ВТ: Ние ќе најавиме контрола, на мобилен им кажуваат се шо е диво такси се трга и на терен немаш ништо.

ВМ: Леле, леле, леле.

ВТ: Значи катастрофа е најискрено знајш, ние покриваме толерираме ама знаат луѓево знајш, не е веќе за криење.

Разговор помеѓу Владимир Талески и Влатко Мијалков

BM: Знам дека не се тие саглам луѓе.

ВТ: Не се, не се, стварно не се.

ВМ: Едно време беа под лед, за малце ќе му се скинеше главата ама како успеаваат да се извлечат, тоа..

ВТ: Абе во сите гадни приказки се замешани, да знаеш. Во градот во гнасните приказки тие се. Тоа е. Дрога – тука се, други глупости тука се. Нешто хуманитарци па почнаа да изиграваат во последно време.

ВМ: Аман бе!

ВТ: Па да. Хуманитарци нешто, кумови на празници нешто. Имаат некој план децата, меѓутоа она на Фејсбук држат една мала група луѓе, ги побудалеа луѓево со Фејсбукот.