МИЦКО ГИ ТЕШИ ВМРОВЦИТЕ : НЕ СЕ СЕКИРАЈТЕ, ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ НЕМАМЕ, АМА ЌЕ ПОБЕДИМЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ!

0
1066

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски очекува победа на партијата на претстојните претседателски избори.

-Јас лично очекувам една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните претседателски избори, рече Мицкоски, во изјава за новинарите пред Соборниот храм во Скопје каде присуствуваше на божиќната литургија.

Тој информира дека партијата штотуку го објавила конкурсот за избор на кандидат за претседател.

-ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која транспарентно се обраќа кон граѓаните и кон сите оние заинтерсирани кандидати кои сакаат да аплицираат на конкурсот, а се разбира ги исполнуваат условите кои што се со закон пропишани. Конкурсот трае до 31 јануари и тогаш јавноста ќе знае кои се имињата кои се пријавиле на тој конкурс. Од пријавените кандидати на конвенцијата ВМРО-ДПМНЕ ќе избере оној кој ќе понуди најдобра програма, рече Мицкоски.