МИЦКОВСКИ ПОЧНА ДА ГО ЦИТИРА ГРУЈО НА МИТИНЗИ, КАЈ ДА Е ЌЕ ПОЧНЕ ДА ОДИ КАКО ПАЈА ПАТАК: НЕМОЈ ДА СЕДИТЕ ДОМА У ПАПУЧИ ПРЕД ТЕЛЕВИЗОР, ИЗЛЕЗЕТЕ ДА ГЛАСАТЕ ЗА СИЉАНОВСКА!

0
1338

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во своето обраќање на годишната Конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ порача дека „заевизмот“ мора да биде поразен, а изборите што доаѓаат дека ќе бидат референдум на народот.

– Сега е време да се чуе вашиот глас во политиката и моментот кога мора секој од вас да се определи. И навистина не е доволно да стоите пред малите екрани и да бидете само огорчени поради лошата реалност. Мора да одберете страна да излезете и да гласате. Мора да се одлучите. Или ќе гласате против сето ова што се случува, или ќе одбиете да влијаете на работите кои стануваат се полоши. А зависи од вас. Или сте со нас и заедно ќе се бориме, или ќе ја одобрите неправдата да стане закон. И добро знаете дека нема да биде подобро ако се продолжи  вака. Да не ги повторуваме грешките од минатото кога предупредувавме како партија дека со овие на власт Македонија ја губиме. Дека ќе направат промена на име, идентитет, дека ќе ја понижат Македонија, дека лажат кога ветуваат живот. И не сакам да звучам отмено и паметно и во стилот “ви рековме дека вака ќе биде”  зошто знам дека сте имале доволно причини да гласате против нас, и ние сме поискусни и свесни за нашите пропусти во минатото, денес ви велам секоја задршка која постои кај некој од граѓаните да не поддржи сигурно е помала од опасноста и пропаста кон која власта ја носи  Македонија, рече Мицкоски.