МИХАЈЛОВСКИ: Ах бре чудни Германци, три месеци во Германија и три месеци во Македонија не се исто. Затоа што три месеци летна пауза, кај нас се три месеци јанѕа. И затоа што три месеци јанѕа е секојдневно треперење да не ни се случи нешто што ќе нѐ врати не три, туку триесет години!

0
1108

Е па, ај тогаш да одмориме. Да се олабавиме од чекањето. Може датум за почеток на преговори со ЕУ ќе има во октомври. Можеби до крајот на годината. Може идната пролет.

Штом летово не мора да има датум, ништо повеќе не мора да има. А СЈО? Па ни СЈО не мора да продолжи со истраги. Само името мораше да се смени. И еве, илјадници Македонци со силна посветеност веќе работат на градење на мерки на доверба со Грција. И дај, веќе кога нема за што да се секираме, да си се оптегнеме на плажа и спокојно да ја чекаме есенската сесија на германскиот Бундестаг. Таму во Берлин нека се секираат. И да ги чекаме изборите во Грција. И новата грчка влада. И новите комесари на Европската комисија. И новата Могерини. И новиот Хан. Некои нови комесари што ќе ни викаат: Капата нешто ви е накривена, не е по ЕУ стандарди. Гледајќи го Заев како неуморно шири оптимизам, а Мицкоски како со видеопораки ѝ се обраќа на нацијата, летово ќе помине за час.

Навистина, што се само три месеци – прашал некој длабокоумен политичар во Германија. Се чудел зошто во Македонија има нервоза за нешто што се одложува само три месеци.

Зошто? Затоа што три месеци во Германија и три месеци во Македонија не се исто. Затоа што три месеци летна пауза, кај нас се три месеци јанѕа. И затоа што три месеци јанѕа е секојдневно треперење да не ни се случи нешто што ќе нѐ врати не три, туку триесет години.

Башка, не е стравот дека ние можеме да ја зафркнеме работата и за три дена, а не пак за три месеци. Туку, гледаме дека и во ЕУ политиката се менува, ако не за три дена, ама сигурно за три месеци. Па, минатата година ова време нѐ убедуваа: Завршете ја работата со Грција, па и ние ќе ја завршиме нашата. И – не ја завршија.

Не оти за овие три месеци среде лето ние ќе направиме којзнае какви реформи и ќе се приближиме кон ЕУ стандардите. Ама, ако одиме на предвремени избори – кој ли ќе излезе да гласа? Со какви програми ќе се натпреваруваат партиите? Што ќе ни продаваат на митинзи? ЕУ перспектива!? Со што би одел, на пример, Заев на избори? Со пофалбите што му доаѓаат од странство? Со тоа дека Македонија е лидер во регионот? Бевме лидери и пред петнаесетина години. Лидери во што? Во наивност? Дека го кандидирале за Нобелова награда за мир. Сега можат да му дадат Нобелова награда за губитник.

Целата колумна на СДК на следниот линк ОВДЕ.