Митко Јанчев ќе ја тужи Каракамишева : Пред надлежните органи нека појаснува дали таа направила фалсификат или некој и го дал!

0
1453

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев ќе ја тужи професорката Тања Каракамишева за фалсификат и клевета, доколку таа не му се извини јавно. Неговата реакција доаѓа откако професорката на својот Фејсбук профил објави фотографија од членска книшка од СДСМ на име Митко Јанчев, издадена во 2004 година, а под неа напиша:

 

 

 

 

 

 

– Кога партиите се хоби и строгонаменски бизнис.

Во телефонски разговор за ,,Фокус” Јанчев тврди дека се работи за измама и фалсификат од страна на професорката, и открива дека дури и датата на раѓање која е наведена на книшката не се совпаѓа со неговиот датум на раѓање.

-Роден сум на први ноември 1981 година, а не на 10-ти јануари 1982 година, како што пишува во членската книшка. Се работи за фалсификат, и ова е уште еден обид за моја дискредитација. Доколку не ми се извини јавно, Каракамишева ќе добие тужба за фалсификат и клевета. Пред надлежните органи нека појаснува дали таа го направила фалсификатот, или пак од некаде го добила. Не сакам да навлегувам во тоа. Според серискиот број на книшката, лесно ќе се открие кој ја поседувал – ни изјави градоначалникот.