Мистерија на дното на океанот: Што сè крие потонатиот брод на Васко де Гама стар 500 години?

0
1619
Одамна изгубениот брод од патувањето на Васко де Гама во Индија е пронајден во близина на Оман.

Се верува дека потонатиот брод “Есмералда” бил дел од флотата којашто ја предводел легендарниот португалски истражувач за време на неговото второ патување кон Индија (1502-1503).

ostatoci-brod-vasko-de-gama-02

Остатоците од бродот коишто се пронајдени во близина на крајбрежјето на Оман и најверојатно му припаѓале на брод којшто бил дел од експедицијата којашто ја предводел легендарниот португалски истражувач Васко де Гама, што чини тој да биде најстар брод којшто бил некогаш пронајден и истражен.


Португалскиот истражувач со својата армада го основал Морскиот пат до Индија (“Carreira da India”) на своето прво патување во Индија (1497-1499), во рамките на зафатот за откривање на првиот поморски пат помеѓу Европа и Азија.

На своето второ патување во Индија (1502-1503), “Есмералда” и “Сао Педро” биле водечки бродови од вкупно пет бродови во рамките на четвртата португалска флота која го истражувала Индискиот океан.


Тие биле под команда на чичковците на Де Гама, Висeнте и Брас Содре. Се верува дека потонале откако биле зафатени од силна бура североисточно од островот ел-Халанија во Оман.

– Скапоцениот губиток на бродовите којшто можел да се избегне и нивниот вреден товар којшто резултирал и со смртта на браќата Содре е добро документирана приказна којашто е прераскажана безброј пати со векови наназад, напишал истражувачкиот тим во статијата за магазинот за наутичка археологија.

Остатоците најпрво ги открила англиската компанија за пронаоѓање на потонати бродови “Blue water” во 1998-та година. Досега се извадени над илјадници предмети од остатоците, вклучувајќи и португалски златници, како и сребреници коишто биле специјално исковани за трговија со Индија.

За бродското ѕвоно пак се верува дека е најстарото коешто е било кога пронајдено и на него е испишана буквата М и бројот 498 за кои истражувачите веруваат дека го означуваат датумот (годината).

Васко де Гама бил првиот човек кој открил морски пат од Европа до Индија, целосно избегнувајќи го Патот на свилата кои минувал низ тогашната Отоманска империја. Тој придонел многу за развојот на Португалија како колонизаторска сила и за воспоставувањето врски со јужно-азискиот свет.