Мисовски: Изборот на трите пратенички е лажна претстава дека се започнува со реформи

0
1120

Изборот на трите пратенички, Роза Топузова-Каревска, Солза Грчева и Љубица Буралиева, за членови и заменик-членови во собраниските комисии кои треба да вршат надзор на работата на органите од разузнавањето и контраразузнавањето е само обид да се создаде лажна претстава во јавноста дека владеачката партија започнува со реформи согласно извештајот на Прибе, вели за порталот „Кирилица“ Горан Мисовски, пратеник од редовите на НСДП.

gorna mmm

– Трите пратенички, кои беа избрани од листите на опозицијата, дали поради лукративни или некои други прични, повторно се обидуваат да го компензираат отсуството на опозицијата во Собранието, со цел пред меѓународната и домашната јавност да се даде легитимитет на очајните потези на власта да го поправи руинираниот демократски капацитет на државата, вели Мисовски.

Според него, Груевски се залажува ако мисли дека во „пет до дванаесет“ ќе успее да го корегира парламентарниот надзорен систем на работата на безбедносните структури, кој, како што вели Мисовски, го уништи за девет години.

– Груевски деветте години постојатно ја опструираше на секаков начин работата на овие собраниски комисии, тие практично никогаш не профункционираа. Сега, кога извештајот на Прибе констатира сериозни злоупотреби во работата на УБК, да се демонстира некаква подготвеност за зајакнување на парламентарната контрола неможе да се толку на ниту еден друг начин, освен како очаен обид на премиерот пред 29 јуни да се амнестира себеси од одговорноста за незаконското работење и злоупотребата на УБК, вели Мисовски.

Мисовски вели дека секој суштински процес на нормализација на состојбите и спроведување на реформи, согласно препораките на Прибе, не може да отпочне без оставка од премиерската функција на Никола Груевски.