Мирчевски во Крушево: Фантомските гласачи во Избирачкиот список – потврда за изборните измами

0
848

Членот на Извршен одбор на СДСМ, Пеце Мирчевски вчера беше помеѓу граѓаните на Крушево.

Мирчевски со граѓаните во Крушево разговараше за актуелната политичка ситуација, како и за хаосот со Избирачкиот список“, соопштуваат од СДСМ.

Огромниот број на лица коишто се на Избирачкиот список на иста адреса и фантомските гласачи потврдуваат дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги краделе сите избори во минатото. Секој што учествувал во изборна измама мора да одговара согласно законите, рече Мирчевски.

Mircevski-f1

„Крушево се празни, повеќе од 1/3 наши сограѓани се иселија од овде бидејќи нема ни работа, ни основни услови за нормален живот, револтирано рече еден од граѓаните.

Во изминатите десет години, додека граѓаните осиромашуваа, додека се зголемуваше невработеноста, Никола Груевски единствено мислеше само на провизиите, тендерите, парцелите на Водно, матните бизнис зделки на братучедот Мијалков, рече Мирчевски и додаде дека промените коишто доаѓаат и новите работни места ќе ги задржат младите во Македонија“, пишува во соопштението на СДСМ.

Мирчевски во Крушево беше заедно со членката на Извршниот одбор на СДСМ, Сања Лукаревска.