МИРКА БЕСНА: Кој се дрзна да му ја даде бомбата на Заев и да го открие криминалот на Груевски?!

0
1613

mirka

Дел од колумната, т.е “анализата” на Мирка во Нова Македонија:

“Но преку транспарентноста на процесот, ние мора на крајот да ги добиеме одговорите на следниве прашања: Што ќе стореше Зоран Заев ако случајно истргуваше со актуелниот премиер техничка влада и предвремени избори на кои Заев ќе победеше зихер, во замена за информациите од странски служби за невидени скандали најавени како бомба со разорна моќ? Ќе ги скриеше ли од напатениот народ? Ќе ги пуштеше ли „криминалецот“ Груевски и неколкуте свои верни соработници да киднат од државата или да шетаат слободно низ слободна Македонија? Ќе ги аболираше (помилуваше) ли? Или ќе ги излажеше, па потоа ќе ги затвореше? Оваа „корнишон“-политика изгледа малку ептен зелена дури и за наши домашни „стандарди“.

Доколку успееше превратот, која ќе беше обврската на идниот ни премиер Заев, која тој во наше име, а од слободна Македонија, ќе мораше да ја исполни како долг на пријателските странски служби што го снабдиле со компромитирачки материјал? Што ќе трампеше овој пат за својата власт?

Во сегашното геополитичко дерби, кога на секоја точка на планетава се одмеруваат тактички силите на големите играчи во играта за прераспределба на моќта преку контрола на ресурсите, која држава и политичка организација имаат интерес Македонија да биде дестабилизирана и да ја внесат во поширок конфликт?”