МИРА МАРКОВИЌ АЛА ГРУЈО МАФИЈОЗО – Сите клептомански фамилии кои од позиција на власт биле најголеми сатрапи на својот народ се многу слични

0
1677

Драг Толстој!

Сосема е точно дека сите среќни фамилии наликуваат едни на други. Но, уште поточно е дека сите клептомански фамилии кои од позиција на власт биле најголеми сатрапи на својот народ, се далеку послични. Малтене исти.

“Земајќи пари за да работат против својата сопствена земја а за други, тие луѓе треба да мислат за своите потомци. Тие платеници и доушници, кои организираат демократски партии и независни медиуми за странски валути, наивно мислат дека вистината за нивните активности нема да го види светлото на денот.

СОРОС нуди ’отров под маска на хуманизмот‘ и го ’поткопува српскиот идендитет‘. Сорос ги претвара нашите млади во јаничари и време е да се забрани фондацијата Сорос.” – Мира Марковиќ, Белград, 1996.

“Една од активностите на Соросовите невладини организации е врбување на поспособните млади луѓе низ универзитетите, од сите етнички и религиски припадности, и нивна класична индоктринација преку предавања, меѓу другото, за концептот на држава и национална припадност, а во правец дека не треба да се чувствуваат Македонци, туку граѓани на светот.

Тоа е утопистичка идеја која никаде не функционира, а ние треба да сме експеримент и да ја загубиме државата со таков однос кон неа.

Дел од луѓето што заталкале на такви предавања, а примамени од понуди за бесплатни патувања низ светот и лесна заработка со одржување на неколку студентски предавања, ми раскажуваа подробно за оваа индоктринација.” – Никола Груевски , Скопје, 2017.

Фејсбук статус на Кире Наумов