Министерството за здравство воведува нови задолжитени вакцини против едни од најопасните болести на денешницата – пневмококна бактерија и рота вируси

0
1255

Нови задолжителни вакцини од месец април. Овој пат вакцини против пневмококна бактерија и рота вируси. Овие вакцини ќе бидат задолжителни за сите деца. Иако здравствените власти ги најавуваа по нова година, го пролонгираа проширувањето на календарот поради незавршениот тендер за набавка на вакцини.

Лекарите се убедени дека додавањето на овие две вакцини во календарот за имунизирање е во интерес на малите деца бидејќи и двете заболувања предизвикувале сериозни компликации до 5 годишна возраст.

По оваа најава родители со уште поголем скептицизам дискутираат за вакцините. Тие веднаш се огласија на социјалните мрежи со коментари дека не веруваат дека има потреба од проширување на календарот за вакцинирање.

Пневмококната вакцина е со три дози и една ревакцинација, а рота вакцината ќе има две или три боцкања, но тоа надлежните ќе го утврдат по завршување на тендерот за набавка на вакцини.