МИНИСТЕРОТ ЧАВКОВ СО СВОЈОТ СИН СЕ БОГАТАТ НА ГОЛЕМО: ИМААТ ИСТ ВКУС КО ГРУЈО ЗА КОЛИ, ЧАВКОВ ИМА МЕРЦЕДЕС ОД 100 ИЛЈАДИ ЕВРИЊА И КАМИОНИ ВРЕДНИ ПО 150 ИЛЈАДИ ЕВРИЊА

0
1412

Чавков со својот син се богатат на големо, на својот син му купил 4 нови камиони марка PORTLAND вредни по 150.000 евра, набавени за сепарацијата која ја поседува синот, (инаку сите фирми од струмичкиот регион имаат наредба да купуваат од него). Но тука не завршува листата на поклони кој Чавков ги подарил на својот син, меѓудругото тој му купил стан во Центар вреден 200.000 евра, објави порталот ЦентарЊус.

На листата на желби се наоѓа и луксузниот мерцедес на син му вреден околу 100 000 евра. Чавков набргу ги привлече погледите кон себе по објавувањето на имотот на неговото семејство, кој се зголемувал за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога впрочем тој прави најголем напредок во кариерата.

12959423_10207854783425341_295914196_o(1)

Конкретно, Чавков и неговата сопруга поседуваат стан со гаража од 2009 година во вредност од 4.368.000 денари. Освен тоа, врз основа на купопродажен договор, поседува плац во Кочани од 300 квадратни метри вреден 30.000 денари. А, во 2008 и во 2010 година добил земјоделско земјиште во родното Ново Село, преку договор за подарок.

Дополнително, тој пријавил и четири парцели земјоделско земјиште во Василево, сопственост на неговите деца. Станува збор за имот стекнат во 2012 година од над 75.000 квадратни метри, во вредност од преку 7 милиони денари. Што се однесува до имотот, пред да бидат внесени промените во средината на 2014 година, стоеше оти неговите деца од 2013 година поседуваат градежно земјиште во Струмица од 10.000 квадратни метри, кое чини 700.000 денари.

12939350_10207854750424516_1991983760_n(1)

Како имот на децата, Чавков пријавил половина од земјиште во Куманово од 190.000 квадратни метри, половина од градежно земјиште во Општина Петровец, од над 35.000 квадратни метри, како и вештачка акумулација и машина за сепарација – сите стекнати во 2012 година.

Во претходниот анкетен лист беа наведени и повеќе долгови отколку сега, односно долговите на неговите деца по основ на земени заеми изнесувале 12.000.000 денари, чиј рок на враќање беше 2015/2016. Сега, во 2014 година, пак, фигурираат само два кредита во вкупна вредност од 105.000 денари, што е голема разлика. Прво беа пријавени и побарувања од дадени заеми од преку милион денари, кои ги нема во тековниот анкетен лист.

Извор: ЦентарЊус