МИНИСТЕРОТ СУГАРЕВСКИ ЖЕСТОКО РАСПАЛИ ПО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГЕВГЕЛИЈА : Франгов лаже кога вели дека владата ја стопирала изградбата на водоводот во Гевгелија

0
3018

Министерството за транспорт и врски остро реагира на изјавите на градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов во врска со изградбата на водоснабдителниот систем во општина Гевгелија.

Градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов изнесе груби невистини дека Министерството за транспорт и врски ја кочи изградбата на новиот водоводен систем на општина Гевгелија.

Сакаме да информираме дека во однос на проектот “Обезбедување на дополнителни количини на вода за пиење во општина Гевгелија”, а кој треба да се реализира преку Европската инвестициска банка, министерството за транспорт и врски во четири наврати распиша јавен повик за избор на Изведувач за реализација на овој проект, но ниту една компанија не пројави интерес на јавните повици за реализација на овој проект.

Во последниот јавен повик што се распиша оваа година утврдени се пропусти во тендерската постапка и поради тоа истата е прекината се со цел да се запазат законските прописи во Република Македонија.

Исто така сакаме да информираме дека Министерството за транспорт и врски имајќи ги во предвид интересите на жителите на општина Гевгелија,  веќе отпочна нова постапка и во најскоро време ќе се распише нов јавен повик за избор на Иведувач за реализација на овој проект.

Она што сакаме да појасниме дека проектот за кој зборува градоначалникот на општина Гевгелија е веќе започнат со реализација и за истиот тој проект се постави и камен темелник.- се вели во соопштението на министерството за транспорт и врски.