Министерката Ташевска-Ременски во Софија на конференција за демографските предизвици

0
982

Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски во изминатите два дена учествуваше на Меѓународната министерска конференција: „Соочување со демографските предизвици во земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа” во Софија.

Конференцијата за организираа бугарските министерства за труд и социјална политика и за надворешни работи, под покровителство на бугарското претседателство со канцеларијата на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Обраќајќи се на конференцијата, министерката Ташевска-Ременски, како што соопшти МТСП, рече дека во последните децении, Македонија се соочува со бројни социо-економски и политички предизвици кои имаат влијание врз демографските трендови на населението.

– Структурата на населението по возраст е еден од најважните аспекти на населението, кои влијаат врз неговиот развој и на можностите за вкупниот развој на населението и во однос на старосната структура. Република Македонија не е исклучок од светските и регионални трендови, а тоа е население кое сè повеќе старее, односно старото население е во пораст. Со надминување на границата од 12% на старо население Република Македонија влегува во групата на земји кои демографски се карактеризираат како земји со старо население, посочи министерката.

Во рамките на Конференцијата беше усвоена и заедничка Декларација на министрите за труд и социјална политика на земјите членки на ПСЈИЕ.