МИНИСТЕРКАТА ДЕСКОВСКА ИМ ГО РАСПЛАКА МАЈЧЕТО НА СУДИИТЕ КОИ БАРААТ ПРЕКУ ЛЕБ ПОГАЧА : Џолев да протестира против застарувањето на предмети во неговиот суд а не за зголемување на плати!

0
1402

Многу е лесно да протестирате и да дадете поддршка на некој што протестира. Многу е потешко да протестирате за морални вредности, изјави попладнево министерката за правда Рената Дескоска, коментирајќи ја денешната постапка на претседателот на Кривичниот суд во Скопје, Иван Џолев кој јавно даде поддршка на протестот на судската администрација.

– Јас искрено очекувам претседателот на Кривичниот суд во Скопје да излезе со протест, влијание врз своите колеги зошто некои судења не се закажуваат по три месеци, зошто застаруваат предмети во неговиот суд. Тоа се дилеми и прашања кои ги поставува јавноста и за кои очекува одговор. Тоа се прашања кои јавноста ја интересира. Инаку многу е лесно да протестирате и да дадете поддршка на некој што протестира, рече Дескоска.