Милчин: Диктаторчето е решено да владее со Македонија сѐ до последниот Македонец!

0
1026

Одолговлекување и мрцварење е неговата стратегија со која има намера да стигне до избори какви што веќе сме виделе од него и на кои уште еднаш ќе ја фалсификува волјата на граѓаните. Неговата стратегија се базира на веќе потврдената конструктивност на Заев и СДСМ. Тој смета на тоа дека странските партнери во преговорите ќе се изморат и, притиснати од времето, ќе побараат уште отстапки од СДСМ и Заев. А место за отстапки нема и отстапки не смее да има. Не се преговара за договор, тој е веќе договорен, туку се преговара за реализација на договорот кој има и утврдени термини за реализација на договореното.

Роковите се пробиени по вина на Груевски. СДСМ има на располагање инструмент кој може веднаш да го активира. На ставањето пред свршен чин мора да се одговори цврсто и решително, за да се соочи Грујо со неизбежното. Граѓаните прифатија да се преговара со диктаторчето, но не и да се капитулира пред него. Диктаторчето е решено да владее со Македонија сѐ до последниот Македонец!

Фејсбук статус на Владимир Милчин