Милески: Дали Ачковска зела 23.000 евра хонорар за документарците на МТВ?

0
1279

Дали професорката Виолета Ачковска, која е активна во Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ)  за снимање на серијалот документарни емисии за ВМРО земала хонорар од 23.000 евра, праша вчера претседателот на ЛДП, Горан Милевски, синоќа на дебатна емисија на телевизијата 24 Вести.

ackovskasitel

– Ачковска не напаѓа нас опозициските пратеници дека сме земале плата, а не сме оделе на работа во собранието. Но наместо да се занимава со тоа, нека каже колку пари зела за снимање на серијалот документарци за ВМРО, едно евро или 23.000 евра. Други професори ваквите активности ги прават без пари – рече Милевски.

Тој исто така праша и дали е точно дека синот и ќерката на Ачковска се вработени во две јавни институции.

Ачковска е професор на Филозофскиот факултет, а во јавноста стана популарна по нејзината активност во ГДОМ, преку кое изразува ставови блиски до тие на власта, како тоа дека „над Македонија се надвиснати едновековните балкански сеништа кои сакаат разнебитување“, дека „откако се справивме со терористите во Куманово, се активира план Б – украинска драма“, дека „Заев во залог ја дава целата држава заради некоја негова комбинација која ја направил со некакви надворешни или внатрешни сили“.

Во ГДОМ е активен и режисерот Братислав Димитров кој неодамна стана директор на Театарот за деца и млади, како и водителот Миленко Неделковски, актерот Тони Михајловски, професорот Александар Климовски.

Од редакцијата на порталот Плусинфо се обиде да стапи во контакт со професорката Ачковска, која не одговарала на мобилниот телефон, ниту на СМС пораките.