МИЛЕНКО ЌЕ ОСТАНЕ И БЕЗ КОЗИТЕ: ОЈО му поднесе кривична за ширење омраза, извршители на барање на адвокатите на Борјан му поднесоа наредба за заплена на имот во висина од 150 000 денари!

0
2231

Миленко е сардисан од сите страни! Пред некој ден ОЈО му поднесе кривична пријава за ширење омраза на интернет по барање на ЗНМ, здружението на новинари, инаку барање старо три години кое било чувано во фиока цели три години!

Но ова не е крај на невољите на Миленко, дознаваме дека овие денови адвокатите на Борјан Јовановски поднеле барање од извршители за заплена на имот на Миленко во висина од 150 000 денари поради добиена тужба за клевета во износ од 100 000 денари кон Миленко.

Тој одбивал да го плати тој износ кој се состои од оштета и адвокатски трошоци, па сега извршители на тој износ додаваат и дополнителен износ за извршување и се очекува да му биде запленет имот во вредност од 150 000 денари, околу 2,500 евра, значи едно 25 кози!

Сирот Миленко, на крај ќе му останат само кучињата и Мирка!

Извор : Мактел.Мк