МИЛЕНКО ПОВИКА НА ГРАЃАНСКА ВОЈНА: Без крв држава не бива, мора да ги колеме гласачите на СДСМ!

0
7148

Миленко ги повика своите 35 000 фанови на фб на граѓанска војна со гласачите на СДСМ, еве што напиша грујовото брадесто омилено копиленце :

Мора да се сочиме со реалноста дека 350.000 наши сонародници – наша крв, сакаат двојазичност, федерализација, албанизација на институциите, странски патронат врз Македонците, потчинетост…

Тоа што они својата агенда ја правдаат со “криминалите на ВМРО“ или со “Режимот на Груевски“ е само оправдување пред нивната совест и нивните наследници…

Тие 350.000 луѓе не си ја сакаат историјата, нацијата, јазикот, територијата… Тие се истите (или нивните поколенија), што гледаа само кон Москва, па од 1948-ма само кон Белград, и еве сега кон Брисел. Тоа се, за жал наши сонародници, што во себе немаат тронка себепочит, самодржавност, љубов кон татковината. Тоа се луѓе што сакаат да се измеќари, подопашнци, робови, Котевци од разни Руљи, нелуѓе.

Тие 350.000 луѓе не си ја сакаат историјата, нацијата, јазикот, територијата… Тие се истите (или нивните поколенија), што гледаа само кон Москва, па од 1948-ма само кон Белград, и еве сега кон Брисел. Тоа се луѓе што со задоволство седнуваа “на шајка“ во Скупштина на СФРЈ, сметајки дека е наредба од “горе“. Сега и Црпко, сам кажа, го спремале “големите од надвор“. Истите се сите тие.

ВМРО згреши. Не им пресуди 1944, 1991 и 2006-та.

Но, за долгата рака на ВМРО никогаш не е доцна.

Држава, Република, нација – без крв не бива.

Ова може да ви личи колку сакате катастрофично, заканувачки и слично, но ако се видат сите примери од блиската и далечната историја, ќе се види дека е тоа само така. И никако другачие.

Примери? Колку сакаш! Од моќни, “западни“, демократски држави: Франција (изумителите на гилотината од Joseph-Ignace Guillotin), Швајцарија (сем работа во канализација, треба нешто и да се знае за историјата на оваа земја), Британија (Hadrian’s Wall), Ирска (Michael Collins), САД (во граѓанската војна 650.000 луѓе, или 2% од граѓаните загинал), Хрватска, Палестина…