МИЛЕНКО Е ПРЕД НЕРВЕН СЛОМ И ПРЕД САМОУБИСТВО: Сите кренаа раце од нас, и Турција и Кина и Русија, сега само господ може да не спаси!!!

0
4622

Во колумна на својот портал Дудинка, Миленко кризира до коска, тотално се губи, жал да те фати:

Ние немаме помош. Од никого. Онаа од турците е Тројански коњ за исламизирање на што е можно повеќе територија на Македонија. Израелците се апсолутно еврејски дволични. Русија ја нема на повидок. Кина е заинтересирана само за бизнис (кредити, коридори…). Вашингтон одамна ни го има ископано гробот, го има нарачано и споменикот, само не се сигурни кој датум на смртта да го напишат на него.
Значи, да не се занесуваме – сами сме. Впрочем, како и секогаш.
Пардон, не сме сами!!! Тука е и Единствениот – ГОСПОД.

Со него, со Бога, никој не излегол на крај.
Скептиците ќе речат, еве го Миленко забега.
Не, не сум забегал, ами сум објективен. Бидејки едно е прашањето што на скептиците ќе им го поставам:
-“Како е можно, после две-и-пол илјади години без држава, со одземена црква, без институти, факултети, музеи, архиви – овој народ да преживее? Да преживее идентитетот – јазикот, фолклорот, топонимите, преданијата…
Како е можно покрај сите погроми доживеани од Римското царство, од Османлиската империја, од грците, србите, бугарите, албанците, од ЕУ, НАТО, Сорос – како е можно да сме сеуште тука живи, здрави, витални???
Како, ако немаме Божја помош, сеуште сме проблем број еден за планерите?
Како побогу опстануваме?“
Како?

Народот е премудар, рекол: Како Господ никој не е.