Милевски: Широката коалиција ќе биде проширена со индивидуалци

0
1142

СДСМ имаше конгрес на којшто најави широк фронт. Каков е тој широк фронт? На оваа тема во „Аргументи“ со Љубиша Николовски зборуваше Горан Милевски од ЛДП.

„Синоќа СДСМ правеше конгрес. Јас не само што присуствував на конгресот, туку и се обратив за делегатите на СДСМ од име на сите наши коалициони партнери. Во јавноста се наметнаа одредени дилеми каква е таа коалиција, меѓутоа за нас тие работи се расчистени. Синоќа конгресот на СДСМ донесе одлука да се направи една широка центро-левичарска коалиција проширена со индивидуалци ,со граѓани, со интелектуалци кои ќе пристапат независно од нивната етничка припадност. Моментално во оваа коалиција заедно со СДСМ се вкупно 16 политички партии, вклучително некои нови коишто дојдоа од таборот на ВМРО ДПМНЕ како Лилјана Поповска од ДОМ“, појасни Милевски.

Тој додаде дека целта на оваа алијанса е парламентот да не биде обична гласачка машина.

„Сакаме да има јаки индивидуи коишто ќе застант зад реформите на новата влада.  Токму затоа едно од основните начела е да се предложат измени на законот за избор на пратеници, каде пратениците ќе се бираат во една изборна единица, а за нас се прифатливи и отворените листи. Целта е да пристапат индицидуалци кои со својот авторитет застаснуваат зад демократизацијата на Република Македонија“, истакна Милевски.