Милевски: Васко Наумовски пратеник од Австралија на јавноста треба да и објасни доста работи!

0
1635

1002978_10201489719706350_609961287_n

Васко Наумовски пратеник од Австралија на јавноста треба да и објасни:
1. Дали неговиот син организираше журка на базенот Довлеџик во Битола во сопственост на ХМС Стрежево?
2. Дали општина Битола со народни средства го поддржа овој настан?
3. Дали пратеникот Наумовски се појавил на настанот и направил инцидент, дали ги малтретирал или физички се пресметал со дел од гостите?
4. Дали поседува ладно оружје, какво и дали го носи со себе?
5.Зошто Стрежево не го издава просторот на други заинтересирани поединци кои исто како и синот на пратеникот сакаат да организираат журки на тој простор?
6. Дали ургирал кај Градоначалникот за одобрување на општински средства за настанот?
7. Дали картите од 100 денари се издадени со фискална сметка?
Во интерес на изворот би застанал тука.

Каква е таа жртва на семејно насилство кога има мои сограѓани во болница поради силеџиство?

Дали се ова вредностите кои ни ги носат пратениците од дијаспората?
Зошто ДПМНЕ брани наместо да осуди девијантно однесување?

Од фејсбук зидот на Горан Милевски , претседател на ЛДП и пратеник